Капитенот на Македонија Никола Јаничиќ е МВП на Евро-шампионатот во Скопје
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Никола Јаничиќ е прогласен за најкорисен играч на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое синоќа заврши во во Скопје.
Селекторите на 22-те селекции на собирот на јуниорите од Дивизијата „Б“ одлучија Македонецот да го понесе признанието МВП.
Јаничиќ беше одличен и во финалниот натпревар одигран синоќа во кој Македонија беше подобра од Австрија, и промовирана во шампион на Европското првенство за кошаркари „Под 18“ години.
Реализираше 30 поени, пет скока, четири асистенции, исто толку освени и три загубени топки, сето тоа за индекс 31.
Во најдобрата петорка на Еврошампионатот избрани се двајца Македонци.
Покрај најкорисниот играч на шампионатот, Никола Јаничиќ, во изборот на ФИБА за член на најдобрата петорка се најде и името на нашиот центар Марко Луканоски
Освен македонскиот двоец, во ТОП 5 на Европското првенство во Скопје се најдоа уште и двајца репрезентативци на Австрија, Имран Суљановиќ и Фун Шот, а идеалната петорка се комплетира со Бугаринот Александар Гаваљугов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување