-->
-->
Капело реши да се пензионира!
-->
Неславен крај на тренерската кариера за легендарниот италијански тренер Фабио Капело кој по отказот од кинескиот Џиангсу Снинг реши да се пензионира.
Капело кој наполни 71 година имаше успешна тренерска кариера со Милан со кој освои 4 шампионски титули потоа беше шампоин со Реал Мадрид. Ги тренериаше уште и
Рома и Јувентус во Италија (освојувајќи ги титулите со двата клуба), иако неговите две титули со Јуве беа одземени поради скандалот „Калчополи“.
По ова тој повторно се врати во Реал, освојувајќи титула, пред да биде во Англија од 2008 до 2012. Тој ја предводеше Русија до СП во 2014 година и на Евро 2016, за во јуни 2017 да замине во Кина, но доби отказ во март.
Шпекулациите велеа дека тој е еден од кандидатите за испразнетото место на италијанската клупа по неуспехот да се квалификуваат за СП во Русија, но Капело вели дека планира остатокот од кариерата да ја помине како ТВ-коментатор.
„Италија? Веќе им кажав не. Веќе имав искуство со англискиот и рускиот национален тим и сакав уште еднаш да се обидам на клупско ниво, и Џиангсу беше последното искуство. Направив сè што сакав во фудбалот и сега сум пресреќен да сум само ТВ-коментатор. Во оваа улога секогаш победуваш!“, вели Капело за „Радио РАИ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во кочанската дискотека
-
Кочани повод за втора интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Апелационен суд Штип: Бектеши останува во притвор
-
Кос: Македонија е тажна приказна на Балканот која предолго чека влез во ЕУ
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје