Кандидатот на Трамп за секретар на копнените сили се откажа од должноста
Воениот ветеран Винсент Виола, кога американскиот претседател Доналд Трамп го номинира за нов секретар на копнените сили на САД, се откажа од понудената должност, соопшти синоќа Пентагон.
- Секретарот за одбрана (Џејмс) Матис е разочаран, но се разбира ја уважува одлуката на господин Виола, се наведува во соопштението, при што се додава дека Матис наскоро ќе предложи нов кандидат за оваа функција.
Според весникот „Милитари Тајмс“, Виола се откажал од должноста поради судир на интереси поврзани со неговиот семеен бизнис.
Како што јави ТАСС, Виола поседува компанија за електронска трговија и е сопственик на хокеарскиот тим „Флорида Пантерс“.
Секретарот на копнените сили на САД му е потчинет на првиот човек на Пентагон и е задолжен за материјално-техничкото работење на Копнените сили на американската армија, како и за управување со нивните персонални и финансиски ресурси.
Ново на Сител
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година
-
Во сообраќајка повредени двајца малолетници од Скопје
-
13 години од монструозното убиство кај Смилковско езеро
-
Руте вели дека Русија размислува за распоредување нуклеарно оружје во вселената
-
8-годишно дете и баба прегазени во Кочани
-
Приведен малолетник од Тетово, фатен со дрога
-
Тошковски: Отвораме ново поглавје на поврзаност, побрз транспорт, повеќе трговија, туриза
-
Кремљ: Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина