Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
Пред членовите на собраниската Комисија за избори и именувања се претставија и останатите кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За седум места во Советот конкурираат 20-тина кандидати.
Новинарот Зоран Фидановски истакна дека реформите во медиумите се значајни и се обележани како значајна алка на менувањето на целокупниот амбиент во општеството. Посочи дека во претходните неколку години бил претставник на новинарите во Советот на Агенцијата и смета дека на вистински начин ги има претставувано.
- Почнувајќи со Деловникот за работа, во кои беа прифатени дел од моите сугестии за зголемување на транспарентноста во работата на Советот, преку забелешките и предлозите за десетици законски документи, како и предлози за правање на анализи за различни прашања. Со свои предлози и забелешки учествував во создавањето на годишните програми за работата на Агенцијата, како и на методолгиите за изборен мониторинг што беа подготвувани за претходните неколку изборни циклуси. Неизоставно секогаш кога имало потреба, јасно и гласно сум барал да се реагира на секаква манифестација на говорот на омраза во етерот или на било кој друг вид на дискриминација и стигматизација на поединци и малцински групи, рече Фидановски.
Посочи дека на негови предлози правени се и корекции на одредени студии за потребите на Агенцијата, а се однесуваат на суштински прашања од доменот на нејзината работа, како што е оправданоста за распишување на јавен конкурс за доделување на дозволи. Фидановски истакна дека во новинарството влегол во 1996 година, почнувајќи ја кариерата во Нова Македонија. Додаде дека неопходно е регулаторот да се фати со костецот со сите предизвици, коишто следуваат, а се поврзани со она што се нарекува вистинска реформа на медиумскиот систем, но и треба да креира амбиент за нормална работа на медиумите, што ќе им овозможи прогрес и фаќање на чекор со времето.
Кандидатот Арбен Саити, кој е магистер по информатички науки, истакна дека работел во неговата струка, како и во мисијата на Обединетите нации во Косово, бил вработен и во Министерството за одбрана, а од 2008 година е вработен во поранешниот Совет за радиодифузија, а сега ААВМУ. Посочи дека најтешкиот период за медиумите била дигиталната трансформација, а како што рече, целата таа трансформација била направена на успешен начин. Забележа дека говори пет јазика и никогаш не бил член на ниту една политичка партија.
-Доколку ме изберете како член на Советот на Агенцијата, би ги искажал моите визии. Членовите на Советот на Агенцијата носат политики по однос на медиумите, но тука не треба да ги испуштиме и технологиите. Мојата визија би се насочила врз четири столбови. Тие би биле новите технологии и нивниот инпакт врз медиумите, медиумската писменост, креативната индустрија и заштитата на авторски права, како и инклузивноста во медиумите, вели Саити, додавајќи дека ќе се залага да се обучуваат новинарите како да ја користат вештачката интелегенција за добри намери и да се препознаат лажните вести и изворите од каде доаѓаат информациите.
Кандидатката Емилија Јаневска, која е дипломиран новинар и магистер по комуникација, има работен стаж од 28 години. Кариерата ја има започнато во МРТВ, а веќе 25 години работи во ААВМУ од кои 18 години е раководител на Секторот за програмски работи.
- Главна активност на Секторот е мониторинг на програмските сервиси на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, како и почитувањето на обврските од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за медиуми, Изборниот законик, подзаконските акти донесени од страна на Агенцијата, вели Јаневска.
Таа потенцираше дека одлична ја познава законската регулатива за медиуми, документите на Советот на Европа и на Европската комисија, односно на ЕУ, како и Правилата за медиумско претставување при изборните процеси и референдуми. Јаневска истакна дека ќе се залага за поголема медиумска писменост, како и за справување со дезинформациите. Смета дека членовите на Советот на ААВМУ треба одлично да ја познааваат медиумската регулатива, работата на медиумите и да се лица со силен интегритет, како и со високи морални и етички принципи, кои нема да прават компомиси со професионалноста во работата.
Кандидатот Давор Пашовски, кој е дипломиран правник и магистер по европски студии за интеграција, посочи дека 20 години работи во граѓанскиот и медиумскиот сектор, а како управител на НИД Форум плус и на новинската агенција Макфакс има стекнато искуство во медиумското организирање, развој на медиумските стратегии и управување со човечките ресурси. Смета дека неговото искуство во граѓанскиот и медиумскиот сектор ќе придонесе во понатамошниот развој на ААВМУ.
Кандидатот Даут Даути е новинар и смета дека е подобен кандидат на член на Советот на ААВМУ, бидејќи има 30-годишно искуство во медиумите. Тој е и меѓу првите албански новинари, кој има завршено Факултет за новинарство, а ги има поминато и сите позиции во медиумите во кои работел, а политичкиот магазин Глобус го има избрано меѓу 100 те највлијателни личности во земјава, а како личен придонес го смета и членувањето во Комисијата за верификација на фактитете од 2009 до 2017 година.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес