Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не - продолжуваат собирите пред ЈО
Канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или не. Термини за онколошките пациенти мора да има, за ехо, за момографија, за сѐ останато. Ова беше истакнато на вечерашниот собир пред Јавното обвинителство, еден од низата, откако излегоа наводи во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија.
Ана Марјановиќ, пациентка на Клиниката за онкологија во Скопје, рече дека смета оти на оваа клиника, најпосле, слушнале дека има проблеми што навистина треба да се решат.
- Колку успешно тоа го прават, ќе покаже времето. Со оние изјави за имање финансии, па немање финансии, па дали ќе има терапија или не, тоа допрва ќе го видиме, зашто канцерот не знае дали буџетот има пари за лекови или нема. Оние луѓе коишто треба да примаат терапија, ќе треба да ја примаат на 21 ден, па да се надеваме дека ќе се најде како тоа да се реши, подвлече Марјановиќ во изјава за МИА.
Што се однесува до Министерството за здравство, таа смета дека очигледно ги слушнале кога кажувале дека нема термини за снимање.
- Меѓутоа, мислам дека со промената што ја направија, можно е и да ги направија уште полоши работите. Бидејќи во наши групи на социјалните мрежи, барем во изминатите неколку дена, постојано се појавуваат постови со слики од матични лекари што велат, нема термин за на државно. Така да, тој проблем не ни е решен. Дури изгледа како да стана поголем од што беше претходно, иако главен проблем можеби не се термините, меѓутоа немањето доволно радиолози кои знаат да гледаат, на коишто онколозите им веруваат, на коишто ние, пациентите, им веруваме. Од таа причина, тој проблем за да се промени, најверојатно ќе треба да се промени начинот на кој се специјализира во оваа држава и тоа ќе потрае, додаде Марјановиќ.
Во Јавното обвинителство сѐ уште пациенти се јавувале, како што додаде, пријавуваат нерегуларности и таму, „навистина се работи“.
- Лично, не ми се допаѓа што сѐ уште нема имиња и презимиња, тоа што нас уште од самиот старт ни беше најважно и го побаравме. Меѓутоа, од друга страна, ајде ќе речеме дека можеби имаме некакво разбирање, бидејќи знаеме колку е обемен предметот. Апелираме повторно да не се дозволи ова да се развлече повеќе од тоа што навистина треба, бидејќи во последно време, ете и во наши групи на социјалните мрежи, постојат шпекулации, имиња, се плука по доктори, се зборува лошо за други доктори и слично. Ние не сакаме да го правиме тоа. Сѐ уште стоиме достоинствено на тоа што го рековме, дека нема да насочуваме на кој се сомневаме, или кој сметаме дека бил дел од ова. И со некои работи што се објавуваат, веќе постепено ескалира и на Онкологија, доктори се соочуваат со проблеми во работата. Од причина што луѓето не знаејќи кои се виновниците, мислам дека губат доверба и во оние доктори, коишто чесно и добро си ја работат својата работа, рече Марјановиќ.
Таа информираше дека од сабота им се придружува друга група што протестираше.
- Ние како што си седиме секој ден од 19 часот, ќе продолжиме. Нема да дозволиме овие наши собиранки да се обојат партиски, бидејќи ние сѐ уште стоиме на фактот дека, канцерот не познава партиски книшки и националности и не сакаме на тој начин да нѐ делат или да нѐ повикуваат, истакна Марјановиќ.
Словенија, како што посочи, има одлична програма за превенција на рак на дојка, па може да се разгледа и да се направи, нагласи таа, да функционира и во нашата држава.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица