Свет
27. July 2017 - 9:23

Канада ги повикува трансродните лица да и се приклучат на војската

Канадската војска ги повика вчера регрутите од сите родови идентитети да и се приклучат, откако истиот ден претседателот на САД, Доналд Трамп донесе одлука со која на трансордните лица им се забранува служење во американската војска.

На официјалниот налог на канадските вооружени сили се појави фотографија со која членовите на воениот оркестар маршираат на парада, додека од нивните инструменти се виорат знамиња со боите на виножитото.

- Ги поздравуваме кадетите од сите сексуални ориентации и родови идентитети. Придружете ни се!, наведе канадската војска во твит, со хаштаг „Различноста е нашата сила“. 

За еден час твитот е ретвитуван 2.500 пати.