Македонија
16. November 2019 - 18:12

Кампањата „Обнова за Македонија“ во Берово и Македонска Каменица

Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ наречена „Обнова на Македонија“ денеска продолжи во Берово. На плоштадот во Берово пред присутните се обратија Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот кандидат за градоначалник и претседател на Општинскиот комитет на партијата за Берово, Никола Атанасов.
 
-Во оваа кампања главна цел ни е да ги слушнеме идеите кои што ќе ги дадат граѓаните, во иднина да ги преточиме во програма со која што програма ќе настапиме на предвремените парламентарни избори на 12 април, следната година. За генералните проблеми сите сте свесни, свесни сте колку неспособниот радикализам на Зоран Заев ни го уништува секојдневието, ни го прави животот мачен и тежок, едноставно невозможен, изјави Димовски.
 
На нечесноста, на неморалот, на Луи Витон ташните, на полињата со марихуана и занимавањето со дрога на функционерите на власт, мора да им ставиме крај, додаде Димовски.
 
-Мора да ставиме крај и на владеењето на стравот, крајно време е народот да се ослободи од овие стеги. Време е народот да си ги добие своите права, да го добие сето она што го заслужува и да го гледа својот просперитет и перспектива во Република Македонија, потенцираше Димовски.
 
 
Главна цел на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе победи на 12 април, како што беше кажано на средбата во Берово, ќе биде уште од следниот ден, од13 април да се започне со обновата на Македонија, да се зачува Република Македонија, да се врати нејзиното достоинство и да го вратиме интегритетот и суверенитетот на државата кои што оваа власт ги уништи.
 

Според Муцунски, време е во оваа држава да добиеме влада која што ќе биде фокусирана на реформи, не влада која што има единствено за цел ново политичко владеење туку влада која што ќе се фокусира на економијата, на здравството, на образованието, на туризмот.

-Денес сме во еден од најубавите делови од Македонија кој што е целосно запоставен нема луѓе по улиците, младите се иселуваат бидејќи нема никаква гаранција за нивната иднина. Треба да понудиме прогрес, треба да понудиме развој и тоа сето ќе го видите во една конкретна политичка програма насочена кон подобрување на сите овие области кои ги спомнавме. Имаме влада која во последните 3 години успеа само во една работа, распродажба и лицитација на националните интереси со нашето достоинство и со нашиот идентитет, рече Муцунски.

По Берово кампањата „Обнова на Македонија“ продолжи со средби со граѓаните на Македонска Каменица.