Кампања на УСАИД за климатските промени
Во општина Боговиње денеска ќе се одржи кампања во рамки на Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.
Целта на кампањата е да се укаже дека климатските промени и уништувањето на животната средина во голема мера се резултат на човековото однесување и затоа преку нашите индивидуални напори, сите ние можеме да ги намалиме глобалните закани од климатските промени и со тоа да им помогнеме на нашите локални заедници.
Кампањата се реализира во рамки на пет викенди во десетте општини каде овој проект се спроведува: Студеничани, Пехчево, Делчево, Виница, Богданци, Кривогаштани, Прилеп, Боговиње, Маврово Ростуша и Теарце, информираат од УСАИД.
Кампањата утре ќе се спроведува во општина Маврово Ростуша, а во сабота во општина Теарце.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување