-->
-->
Каменуван автобусот на Србија во Тирана
-->
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Томислав Караџиќ остро реагираше на вчерашниот инцидент во Тирана каде беше каменуван автобусот што ги пренесуваше српските фудбалери од аеродромот до хотелот.
Караџиќ за српските медиуми изјави дека сите репрезентативци се добро и дека нема повредени, но потенцира дека по ваквиот инцидент доведено е и одигрувањето на натпреварот.
На самото место пристигнал и првиот човек на полицијата во Тирана кој на српските претставници им дал гаранција дека такво нешто нема да се повтори.
Репрезентацијата на Србија денеска од Тирана треба да замине за Елбасан, град оддалечен 50 километри, каде вечер од 20:45 часот ќе го игра натпреварот со Албанија во квалификациите за ЕП 2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица