Калањево повторно под опасност од пожарот, се бара поддршка од воздух
Неготинско Калањево е повторно под опасност од пожарот, се бара дополнителна поддршка од воздух. Васе Јованов - Ладна, претседател на месната заедница на село Тремник, кој неколку дена заедно со ловците од ловно друштво Неготино, го гаснат пожарот, за МИА рече дека итно им треба дополнителна помош од воздух.
Дека се загрозени викендичките во селото, за МИА потврди и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој исто така нагласи дека освен од земја, гаснењето треба да има и дополнителна поддршка од воздух.
Прашавме дали се евакуирани луѓето од селото, бидејќи уште пред неколку дена беше упатен апел за нивна евакуација.
- Во селото не треба да има луѓе од безбедносни причини поради пожарот. Но, некои самоиницијативно одат, одговори Стојанов.
Пожарот на планината Серта изминативе денови се гаснеше од земја и воздух.
Ново на Сител
-
Вучиќ ги претстави барањата на Србија во врска со Косово
-
СЗО ја одобри првата вакцина против мајмунски сипаници
-
Дурмиши: В понеделник одговор од работната група за есенската кошничка
-
КИНСИВ ќе отвори истрага за настанот на небото над Скопје
-
20 ГОДИНИ НЕОТЕЛ: Прослава на две децении пионерство во телекомуникациите
-
Се урна воен авион Л-39 во Бугарија
-
Кривични за две лица кои праќале писма на вработен во ОВР Дебар
-
Почина жена која управувајќи тротинет била удрена од автомобил