-->
-->
Какви се хороскопските знаци кога ќе се разбудат?
-->

Хороскопските знаци го одредуваат нашиот карактер, однесувањето во љубовта. Или пак не забавуваат додекаја читаме прогнозата и советите кои ни ги даваат планетите. Сигурно ќе ве насмее и описот на однесување по будењето, според астролошките знаци, кое е подготвена во неколку чекори.
6 часот: Девицата станува и пред туширање ја брише бањата. После миење на забите, честката ја става во стерилна чаша која ја чува на посебно место.
6 часот и 15 минути: Јарецот станува и го исклучува болјерот, помина времето на евтина струја.
6 часот и 20 минути: Водолијата заминува на утринско трчање.
6 часот и 30 минути: Вагата и лавот се пред огледало се шминкаат и ставаат гел за коса.
6 часот и 40минути: Бикот појадува Нутела со лажица.
6 часот и 45 минути: Стрелецот станува и повторно го вклучува бојлерот.
7 часот: Ракот прави сендвич, Девицата цеди овошен сок, Близнаците се уште се во кревет, со мобилниот во рака проверуваат шо има ново на социјалните мрежи.
7 часот и 5 минути: Шкорпијата ја клоца вратата од тоалетот - Вагата излегува со несесерот во раце.
7 часот и 10 минути: Овенот станува и вклучува штоперица.
7 часот 11 минути и 45 секунди: Овенот истуширан, облечен, оди по скалите и ја гаси штоперицата.
7 часот и 15 минути: Бикот ја гребе теглата со лажица, нема повеќе Нутела.
7 часот и 20 минути: Вагата и Лавот уште еднаш пред огледало, последна проверка за восхитување на самите себе пред излегување.
7 часот и 30 минути: Водолијата се тушира со ладна вода, јарецот повторно го изклучува бојлерот.
7 часот и 40 минути: Сите заминуваат.
7 часот и 45 минути: Близнакот се враќа заборавил еден од трите мобилни телефони.
7 часот и 50 минути: Близнакот повторно се враќа го заборавил паричникот.
8 часот: Рибата се буди и сфаќа дека ја заклучиле во станот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки