Каква зима ќе има годинава во Македонија? Ова е тримесечната прогноза
Блага и просечно влажна зима ќе има годинава во Македонија. Тримесечната прогноза покажува дека постои голема веројатност температурата за зимскиот период да биде повисока од просечно многугодишната за периодиот 1981-2010 година.
Поголема веројатност за повисоки вредности од просечната постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3 степени, информира Управата за хидрометеролошки работи врз основа на материјалите превземи од Европскиот Центар за среднорочна прогноза на времето во Рединг и Виртуелниот Центар за климатски промени за Југоисточна Европа.
Во овој период се предвидува количеството на врнежи да биде во границите на повеќегодишниот просек.
– Просечната температура за зимата измерена во Македонија е во опсег од -1,5 во Маврово до 5 степени целзиусови во Гевгелија, а врнежите од 90 милиметри во Штип до 318,9 во Лазарополе. Изгледите за потопла и просечно влажна зима не ја исклучуваат веројатноста за појава на одредени периоди со постудено, суво односно влажно време со изразени отстапувања од вообичаените просечни вредности на температурата и врнежите, се вели во соопштението од УХРМ.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип