Бизнис
26. September 2015 - 11:57

Каква ќе биде новата цена на горивата во Македонија?

Според последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, бензините од вторник поскапеа за половина денар, а додека пак дизелот за еден денар.

ЕУРОСУПЕР БС 95 на бензинските низ Македонија се точи по цена од 62,5 денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 64,5 денари по литар.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ-от изнесува 50 денари по литар.

За денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство чија нова цена ќе изнесува 38,5 денари по литар. 

Останува да видиме дали Регулаторната Комисија за енергетика ќе одлучи да ги поскапи повторно цените или ќе не израдува со добри вести.