Македонија
4. February 2024 - 16:41

Како младите да научат за заштита од загадувањето

Младите од Струмица се вклучуваат во решавањето на проблемот со загадувањето на воздух. Преку специјализирани обуки што ги организира еколошкото друштво Планетум  средношколците од трите средни училишта се обучуваат како да ги препознаат загадувачите , но и да предложат решенија и интерактивна мапа за надминување на проблемот .

Од еколошкото друштво Планетум велат дека вклучувањето на младите е многу важно бидејќи во иднина тие ќе треба да ги едуцираат нивните врсници како да ги детектираат, но и решаваат проблемите од овој вид. Во рамки на проектот ќе се набават и осум осум мобилни мерачи кои во реално време ќе го покажуваат нивото на загаденост во градот.

Сите активности се реализираа како дел од проектот  „Чист воздух, едуцирај и делувај,, кој е поддржан финансиски од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ како дел  од  програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска.