Каја Тасевска и Марко Милчевски од ателје „Бојар“ првонаградени на 5.републичка изложба на фотографии
Каја Тасевска и Марко Милчевски од ателјето „Бојар“ од Скопје освоија први награди на петтата републичка изложба на фотографии „Мотиви од мојата татковина Република Македонија“.
Тасевска е наградена за делото „Премин“, Милчевски за делото „Скопско кале“.
Од доделените награди, школата за цртање и сликање ателје „Бојар“ доби диплома за учество, а Љупчо Бојаров диплома за менторство.
На конкурсот за оваа петта републичка изложба учествуваа основни училишта, средни уметнички училишта и ликовни факултети. Пристигнаа над 900 фотографии, а за изложбата беа селектирани 215 фотографии кои се изложени во галеријата на ликовниот салон во Кинотека на Македонија.
Организатор на изложбата е Детскиот ликовен културен центар - Скопје, а покровител Министерство за култура. Изложбата ќе биде отворена до петти мај.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш