Балкан
24. November 2017 - 8:29

Кај Пелопонез спасени 44 бегалци

Грчката крајбрежна гарда синоќа спаси 44 бегалци и мигранти, чиј чамец се расипал во близина на Месинија, југозападен Пелопонез, во момент кога се обиделе да отпловат кон Италија.

Според крајбрежната стража, бегалците се качиле на бродот во Месинија, но морале да го повикаат европскиот број за итни ситуации  112, кога моторот се расипал.

Пловилото е вкотвено во пристаништето Кипарисија, а бегалците се префрлени во домови во областа каде што привремено ќе бидат сместени.