Македонија
10. February 2024 - 18:30

Кај 17-годишник во Кичево пронајден гасен пиштол

На 09.02.2024 во 18.30 часот во Кичево, лишен од слобода е 17-годишник од кичевското село Лисичани, соопшти МВР.

Кај него, пронајден и одземен е еден гасен пиштол  марка „Екол“, калибар 9 милиметри од кој, по претходна вербална расправија со П.П. и Л.Г. од Кичево, во воздух испукал еден куршум. При извршениот увид, полициските службеници, на местото пронајдоа една чаура од гасен пиштол.

По целосно документирање на настанот за кој е известен и јавен обвинител, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.