Каде оди маста од телото кога ќе ослабеме? Одговорот ќе ве изненади
Многумина се трудат да ослабнат и држат разни диети, но малку кој знае каде оди маснотијата од нашите тела кога губиме килограми.
Дури 150 лекари, нитриционисти и лични тренери кои биле испитувани од новинарите на „Дејли мејл“ не го знаеле одговорот на тоа прашање.
Најчеста заблуда е дека маста се претвора во енергија. Некои одговори биле дека маста се претвора во мускули, а други претпоставиле дека излегува низ дебелото црево.
Само тројца стручњаци одговориле точно, што значи дека 98 отсто од здравствените работници во истражувањето не знаеле да го објаснат губењето килограми.
Според тоа, ако маста не оди во енергија, мускули, а ниту во столицата, тогаш каде оди?
Двајца научници од Универзитето во Њу Саут Велс, Рубен Мирман и Ендрју Браун го објаснија овој феномен.
Точен одговор е дека маста се претвора во јаглерод - диоксид и вода. Јагледрод диоксидот излегува кога издишуваме, а водата по пат на урина или пот.
Ако изгубите 10 килограми масти, 8,4 кг. излегуваат низ белите дробови, а 1,6 кг остануваат во облик на вода. Со други зборови, речиси поголемиот дел од килограмите кои ги губиме ги издишуваме.
Речиси се што ќе изедеме излегува надвор преку белите дробови - секој јагледхидрат и маснотиите кои организмот ги прима, излегува од телото во облик на јаглерод диоксид и вода/
Исто е и кога се работи за алкохол.
Ново на Сител
-
Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани
-
Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
-
Финците по осми пат најсреќната нација во светот, Македонците 86-ти на листата
-
Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро
-
Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински дрон
-
Лишен од слобода 44-годишен маж, пренесувал мигранти од Египет
-
МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани
-
Најстудено утрово во Берово со минус осум степени