Македонија
29. September 2020 - 11:16

Кацарска предложена за уставен судија

Судијката од Кривичен Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Судскиот совет на денешната седница со 12 гласа ЗА му предложи на собранието да ја избере за судија во Уставен.

Кацарска ги водеше предметот ТЕНК во кој на затворски казни ги осуди поранешниот премиер, екс министерката за внатрешни и помошник министерот во МВР. 

Таа ја напиша и пресудата за насилствата во собранието од 27 април, а го водеше и предметот ТРИСТА.

Затворски казни изрече и во процесот Транспортер каде обвинет беше поранешниот битолски градоначалник Талески.

 

Зоран Јаневски