Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
Претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, утре од 12 часот на прес-конференција ќе даде осврт на тригодишниот мандат како претседателка на највисокиот суд во државава. На Кацарска мандатот ѝ истекува на 2 јуни, до кога треба да се избере и нов претседател на Уставен.
Според Деловникот на Уставен, Уставниот суд на седница избира претседател на Судот од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање.
Покрај Кацарска, актуелни судии во Уставен суд од кои до крајот на месецов некој ќе ја преземе претседателската функција се Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер, Татјана Васиќ Бозаџиева, Елизабета Дуковска, Јадранка Дабовиќ Анастасовска и Ана Павловска Данева.
Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд.
Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува.
Претседателот на Уставниот суд го претставува Уставниот суд, ги потпишува одлуките, решенијата и другите акти на Уставниот суд, се грижи за спроведување на Деловникот на Уставниот суд и врши и други работи определени со овој деловник. Во случај на отсутност или спреченост претседателот го заменува судија според распоредот утврден од Уставниот суд по азбучниот ред на презимето на судиите.
Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје