Кабинетот на Иванов ги отфрла наводите за вмешаност во настаните од 27 април
Кабинетот на претседателот на Република Македонија вечерва преку пишано соопштени ги отфрли, како што се наведува, континуираните и очајни обиди за вмешување на претседателот на Република Македонија и Кабинетот во настаните од 27 април 2017 година.
– Во Кабинетот на претседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба. Сметаме дека последното посочување на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година е уште еден во низата очајни обиди за конструирање сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на претседателот на Република Македонија и лично на претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
МЗ: На Клиниката за ортопедија кај 12-годишно дете извршена трансплантација со коска од донор
-
Рубио го поддржува планот на Трамп САД да ја преземат контролата над Газа
-
Вучевиќ: Мојата оставка е „незапирлив процес“
-
„Ајфон 15“ најпродаван телефон за 2024 година
-
Приведен 58-годишник од Делчево за предизвикување пожар
-
„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје
-
Грција депортираше 40 државјани на трети земји кои не добиле азил
-
Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина