-->
-->
Јуве „плива“ кон дното...
-->
Нова бламажа на актуелниот италијански првак Јувентус во италијанското калчо со што бјанко-нерите се се поблиску до опасната зона со 12 бода од 10 одиграни средби.
Тимот на Алегри загуби со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло кој славеше со погодокот на Сенсоне во 20-тата минута.
Значајна победа забележа Милан и тоа од 1-0. Победата против Палермо ја донесе Антонели во 53м.
Лидер во калчото и натаму е Рома која лесно го совлада Удинезе со 3-1.
Фиорентина победи во Верона со 2-0 додека значајна победа за бекство од дното оствари Фросиноне во дербито на дебитантите со 2-1 против Карпи.
Најефикасно беше во Торино каде гостуваше Џенова со резултат 3-3.
Единствениот голем пресврт се случи во Аталанта каде Лацио го загуби водството од првото полувреме и беше поразен со 2-1.
На табелата води Рома со 23 бода пред Фиорентина, Наполи и Интер со по 21.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина