„Јутарњи.хр“: Хрватска да има стадион како македонскиот, сега Реал и Манчестер ќе играа кај нас
Тоа што е за Сплит фестивалот Ултра, за Скопје е Суперкупот на Европа, па веројатно и малку повеќе. Кафулињата сјаат брендирани во знаците на Реал или Манестер Јунајтед, долж реката Вардар се слуша шпанскиот мелос и британскиот рок, хотелите се распродадени, освен ако имате добра врска. Ноќевања по 250-300 евра, во средниот ранг, во овие денови се чиста багатела. Во градот има најмалку 25 илјади странци само поради фудбалот. Македонија живее за најголемиот спортски настан кој некогаш се случил на нејзино тло, пишува хрватскиот портал Јутарњи.
Во текстот пишува дека Хрватска во октомври 2012 година гостувала на Арената Филип Втори, а летото таа година стадионот беше отворен. УЕФА тоа знаеше да го врати, во нејзиниот проект Суперкупот да се игра во државите кои не можат да бидат домаќини на финалето на Лигата на шампионите, Скопје дојде како порачано, пишува во текстот.
Кој се сеќава на старото здание на Вардар, со една голема трибина и тек неколку редови од другата страна? До 2009 година така изгледаше, а потоа на тоа место ја направија Арената. Споменатата трибина, географски јужна, остана, доградена е и уредена, а три нови никнаа за три години. Бошко Трпески претседателот на Сојузот на спортски новинари на Македонија, воедно и член на Организацискиот одбор на Суперкупот, за Јутарњи изјави:
-Изградбата на Арената чинеше 57 милиони евра, за овој спектакл моравме да вложиме дополнителни 2,5 милиони евра, а кога се ќе биде готови, сметајќи ги деловните простории под трибините, ќе порасне на 80, можеби и 100 милиони евра.
Во текстот се споменува и изјавата на Давор Шукер, дека доколку Хрватска би имала стадион по критериумите на УЕФА би го добила Суперкупот. Таму се надополнува дека Македонија е меѓу државите кои го можат она што Хрватска не го може, да изгради храм на фудбалот и да доведе великани.
-Стадионот доби највисока оцена од УЕФА, на теренот веќе еден месец никој не игра, осветлувањето e со 2.400 лукса, а потребни се 1.800, сите столчиња се променети, сметајќи ја и ВИП ложата, а одново се уредени рестораните. Се е спремно за најголемиот спектакл. Капацитетот од 33.700 е намален на 30.000 поради телевизиските камери, ќе има 21 камера. При влегувањето на стадионот има три контроли за контрола на пасошите или личните карти. Реал и Јунајтед се многу задоволни. И тоа како моравме да нашминкаме се што УЕФА бараше, поставена е нова клима, телевизори, ложата за новинари е проширенана 400 места, дотерана е фасадата, можам мирно да кажам дека во овој момент на подрачјето на поранешна Југославија нема таков стадион, изјавил Трпевски за Јутарњи.
Во текстот пишува и дека посетата на Скопје овие денови била и тоа како скапа, хотелиерите цените ги кренале за 10 пати, а некои и за 40. Трпески за Јутарњи вели дека одредени написи се претерани.
-Се пишува дека собите одат до илјада евра, тоа не е вистина, еве сега сум во хотел во центарот, кај Олимпискиот базен, 250-300 евра е по соба, двокреветна или трокреветна. Со доручек. Пивото е евро и пол и никој не ја крена цената. Препродажбата на карти е најстрого забранета, Владата донесе закон ако некој биде фатен добива до три години затвор.
Во текстот се завршува дека Скопје ужива во синергијата на фудбалот и врвниот провод. И дека заработува пари како ретко кога.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците