Јункер ја повика Вишеградската четворка на вечера за помирување
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер испрати писмо до Вишеградската четворка со кое ги повикува на вечера за помирување, со цел да се намалат тензиите меѓу групата и богатите западни земји.
Во писмото, упатено до четворицата лидери на Полска, Унгарија, Чешка и Словачка, Јункер ја нагласи важноста на единството на Европската унија, кое е ранливо поради судирите во однос на миграцијата, Брегзит и останатите проблеми.
Додека Прага и Братислава заземаа горе-долу умерена позиција, Варшава и Будимпешта се во постојани судири со Европската комисија, како и со „големите сили“ во ЕУ - Франција и Германија, поради, како што наведува Унијата, нивното игнорирање на демократските права.
Јункер, предложи вечерата за помирување да се одржи на 18 октомври, ден пред самитот на ЕУ, што е закажан за 19 и 20 октомври, а како причина за состанувањето, тој го наведе градењето на уште посоединета, појака и подемократска Европа, и покрај Брегзит.
- Верувам дека зачувувањето на единството на 27 земји-членки во овој процес е од најголемо значење, напиша Јункер.
Источните европски земји, особено Унгарија и Полска, одбиваат да ја прифатат програмата на ЕУ, со која сите земји-членки треба да ги примат мигранти кои пристигнале во Европа по масовниот бран во 2015 и 2016 година, особено муслиманите од Блискиот Исток и од Африка.
Ново на Сител
-
Вучиќ утре ќе разговора со Путин
-
Зеленски: Украинците сакаат мир, но не и по цена да се откажат од Украина
-
Земјотрес од 6,3 степени го погоди Чиле
-
Додик по средбата со Вучиќ во Белград: Бошњаците од Сараево сакаат воен судир во БиХ
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Жителка на Белгија ограбена на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале