Јункер: ЕУ го осуди нападот во Финска
Европската Унија категорично го осуди нападот со нож, што вчера беше извршен во југозападниот фински град Турку, во кој загинаа две и беа ранети шест лица, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, цитиран од француските медиуми.
„Со голема загриженост слушнав за жестоките напади во Турку, во Финска. Додека се уште се разјаснуваат околностите ние категорично го осудуваме овој непредизвикан напад, извршен само 24 часа по ужасот во Шпанија“, изјави Јункер во коминике.
„Мислите ми се со жртвите и нивните најблиски. Искажувам целосна солидарност со силите за безбедност, со финскиот народ и со премиерот Јуха Сипиле“, наведе тој.
Две лица загинаа и шестмина беа ранети во напад со нож, извршен во овој пристаништен град.
Осомничениот извешител на нападот беше уапсен, но силите на редот и натаму трагаат по потенцијални соучесници.
Финската полиција засега нападот не го третира како атентат, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, цитирано од ТАСС.
Ново на Сител
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно
-
Мицкоски: Владата потврди 270 општински проекти за кои ќе се вложат 4 милијарди денари
-
Во Велес утре Ден на жалост поради сообраќајната несреќа во Катланово
-
Таравари очекува од директорите на клиниките да преземат мерки за починатото бебе
-
Пратениците од албанската опозиција се судрија со обезбедувањето на влезот во Собранието
-
Со мотор удри во паркиран автомобил -Тешко повредена малолетничка во Кавадарци
-
Тешко повреден работник во компанија во Кавадарци
-
Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа