Македонија
1. November 2019 - 13:05

Катната гаража „Судска палата“ од денеска повторно во функција

Катната гаража „Судска палата“ која повеќе од еден месец не беше во функција поради дефект со електричното напојување, од денеска повторно започнува со работа, соопшти ЈП ПОЦ.

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000,00 денари.

Од понеделник, сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање можат да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.