Јубилеј: Прилепскиот театар одбележува 69 години
Со претставата „Пиреј“ од Петре М. Андреевски во режија на Љупчо Ѓоргиевски, вечер од 19:30 часот, прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одбележи 69- годишнината од постоењето. Точно на денешен ден 1950 година е одиграна првата претстава на театарот – „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.
Во претставата „Пиреј“ игра речиси целата актерска екипа на театарот, а дејството ја следи трагичната судбина на Јон и Велика, воедно и страдањата, премрежјата и втурнатоста на македонскиот народ во војни и трагедии. Сценографија е на Валентин Светозарев, костимите на Андреј Ѓоргиевски, а автор на музиката е Димитар Андоновски.
Според статистиките на прилепскиот театар, во 69-годишното постоење на ансамблот, се одиграни преку 370 премиери со над 7.000 претстави кои ги виделе околу два милиона публика.
Ансамблот на Театарот бележи голем развоен пат и многу успеси со домашни и меѓународни награди и признанија за претставите и за уметничките креации на актерите. Ансамблот освојувал највисоки награди на меѓународниот фестивал МЕСС во Сараево (2008 година најдобра претстава „Тапани во ноќта“), на „Експонто“ во Љубљана, на Фестивалот на актерот во Никшиќ, на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, на фестивалот „Ристо Шишков“.
До денес, меѓу најгледаните претстави се „Солунски патрдии“, „Од кол на кол“, а голем број изведби имаат и други претстави, како на пример: „Силјан Штркот”, „Собирен центар”,„Арсениј” , „Полковникот птица”, „Опера за три гроша”, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан“.
Годинава, според програмата на Министерството за култура, театарот ќе работи на четири нови претстави.
Инаку, за прилепската театарска куќа останува отворено прашањето дали и кога може да ги подобри условите за работа и да добие нов театар. Најави има од прилепските градски власти, но се уште нема конкретни најави за средства за оваа намена. Неодамна локалната самоуправа на конкурс го избра најдоброто идејно решение за театарска зграда во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Ново на Сител
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник
-
Искушенија околу слабеењето и како да се избегнат?
-
До недела променливо облачно со повремен дожд