ЈСП: Градскиот превоз е за сите граѓани и нема одлука за некаква дискриминација
Од Јавното сообраќајно претпријатие соопштуваат дека ниту на еден граѓанин не му е ускратено правото за јавен градски превоз. Посочуваат дека Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е јавен сервис кој обезбедува градски превоз за сите граѓани и никогаш немало дискриминација.
– Нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз. ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите. Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост, посочуваат од ЈСП Скопје.
Оттаму потенцираат дека ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат, како што велат, подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани.
Од Коалицијата „Менуваме“ денеска реагираа на, како што велат, свесно кршење на законот, Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ОН и Уставот на Република Македонија, со тоа што на лицата со телесна попреченост не им се дозволува да влезат во возила на ЈСП со своите кучиња кои им помагаат во движењето.
– Денеска на Александар Велевски, кој е лице со телесна попреченост во количка и неговиот четвороножен сервис куче Бен, не им било дозволено да го користат јавниот превоз. По наредба на Градот и градоначалничката донеле одлука лицата со попреченост кои имаат куче сервис да не бидат пуштени во јавниот превоз т.е. во возилата на ЈСП, наведоа во соопштение од Коалицијата Менуваме, прашувајќи истовремено дали има и каква е таа одлука, како и зошто таа не е објавена на страната на Градот Скопје.
Ново на Сител
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени