ЈП „Паркиралишта„ пушти во употреба нов простор во Струмица
Со 927 квадратни метри и 24 паркинг места располага новиот паркинг простор во централното градско подрачје кој денеска официјално го пушти во употреба Јавното претпријатие „Паркиралишта“ Струмица. Оттаму велат дека поради големата циркулација на возила на овој дел од градот, каде што се наоѓа и станбена зграда, но и деловни канцеларии, меѓу кои и Основното јавно обвинителство, размислуваат за нови решенија.
- На барање на жителите, но и вработените во канцелариите, моравме да ставиме ред во паркирањето на оваа локација. Со согласност на Советот на Општината, на Секторот на урбанизам и на СВР Струмица го реализиравме овој проект. Сепак, паркинг местата не се доволни за сите станари и деловни објекти. Затоа планираме на есен да излеземе со предлог за монтажна гаража од времен карактер, појасни директорката на ЈП „Паркиралишта„, Верица Узунова.
Узунова објасни дека од 24-те паркинг места, едно е наменето за инвалиди, две за Основното јавно обвинителство, а за 17 места аплицирале станарите кои ќе паркираат бесплатно. Остануваат уште 4 за кои возачите ќе плаќаат паркинг согласно тарифникот.
Ново на Сител
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар