Македонија
20. July 2024 - 16:28

ЈП „Национални шуми“ во катастрофална состојба: Блокирани сметки, работниците без здравствено осигурување

Претпријатието Национални шуми е во катастрофална состојба. Вработените се оставени без здравствено осигурување. Првите кои треба да излезат на терен и да ги гаснат шумските пожари не можат да добијат плата поради блокираната сметка на претпријатието.

Поради блокираната сметка, не можат ни да си платат гориво за да дејствуваат на шумските пожари кои со денови беснеат низ земјава. Надеж дава ребалансот на буџетот, кој наскоро треба да се најде пред пратениците. Па кога ќе биде изгласан, се очекува претпријатието да добие пари за да може да им пуштат плата на вработените.

Но и во овие услови, пожарникарите се деноноќн на терен и интервенираат во гаснењето на пожарите.