-->
-->
Јозефина: Барбара го врти мутавиот Ервин околу малиот прст
-->
Нејзини фаворити после две недели во куќата на Големиот Брат се семејството Васиќ, а Мирјана ја смета за најголемо зло во куќата.
Жал ми е за Ервин бидејќи е многу мутав. Од страв премногу не зборува во куќата, а кога малце ќе се опушти, има тикови, често гледа каде е Барбара и се запрашува дали ќе му преговори нешто, вели Јозефина која во петокот ја напушти куќата на Големиот Брат.
Јосефина во куќата на Големиот Брат беше само две недели, но сепак не жали поради тоа што ја напушти. Со оглед на тоа дека за кандидатите знаела се пред да влезе во шоуто, некои ја разочарале бидејќи не се искрени.
- За Барбара знам дека има дечко кој е оженен, па во радио емисијата ја прашав дали би била во врска со некој кој е во брак, ми одговори не. Дволична е а глуми светица, мутавиот Ервин го врти околу малиот прст.
Иако највеќе и се допаднала Мирјана како личност кога дома го гледала шоуто, брзо го променила мислењето.
- Не е исто да гледаш еден час емисија дома на телевизор и деноноќно да живееш со тие луѓе изолиран. Мирјана стана напорна и досадна. Го става носот каде што не и местото и психички ги малтретира луѓето. Најлесно е да се правиш луд и да изиграваш будала, а добрите луѓе испаѓаат од шоуто, заклучила поранешната ракометарка. Нејзини фаворити се семејството Васиќ и Зорица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче