Јовиќ: Во Хрватска постои чувство на анархија
Дејан Јовиќ, професор од Факултетот за политички науки од Загреб Дејан Јовиќ и поранешен советник на екс претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, вели дека хрватската Влада неподготвена почнала да работи, дека се видело дека нема програма, посебно не за малцинствата и оти е непознаница дали воопшто ќе потрае.
- Хрватска, според Јовиќ, е во една ситуација за која вели дека не е јасно кој во државата е власт, пренесува Танјуг.
- Сега, како оддеднаш да имаме триумвират, тројца лидери. Од друга страна, се случуваат некои процеси кои претходно не се случувале и на кои врвот на политичката власт не реагира, па ми се чини дека постои чувство на една лесна анархија во Хрватска, која е многу опасна затоа што во таа анархија можат да се случат многу работи кои во уредена држават не можат да се случат, изјави Јовиќ, при гостувањето на РТС.
- Голема непознаница е дали хрватската Влада воопшто ќе потрае бидејќи има мало мнозинство во парламентот, така што се поставува прашањето како натаму ќе се развиваат работите.
Според Јовиќ, тоа се видело на самата седница на која Владата е потврдена дека нема ниту целосна програма, а првите именувања на министри предизвикаабранови реакции, проблеми и скандали.
Ново на Сител
-
Сообраќајот тековно, без подолги задржувања на граничните премини
-
Клековски: Лекови мора да има и ќе има за сите– имаме решение за проблемите во здравството
-
Истрага за две разбојништва извршени од 25-годишник во Скопје
-
ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци
-
Најмалку тројца загинати, стотици ранети во нови експлозии во Либан
-
Исчезнато 45-годишно лице со здравствени проблеми од скопска Кисела Вода
-
Ограбена спортска обложувалница во Чаир
-
Драчевчанец споделувал експлицитни содржини од неговата малолетна девојка