Македонија
26. November 2021 - 14:24

Јовески: На бугарските обвинители утре ќе им се предадат ДНК анализите на роднините на загинатите

Денеска на прес конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески изјави дека во македонското јавно обвинителство пристигнале претставници на јавното обвинителство на Бугарија.

„Во текот на утрешниот ден ќе им бидат предадени ДНК анализите на роднините на загинатите, како и целата собрана документација. Се работи за документација на агенцијата Беса Транс, регистрација на автобусот како и податоци од Министерството за транспорт и врски, рече Јовески.