Јовески и Русковска на местото на автобуската несреќа во Бугарија
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска денеска итно отпатуваа на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Република Бугарија, каде, како што информираат, се сретнале со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.
Јовески, се вели во соопштението, на средбата со Сарафов, истакнал дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги става на располагање сите капацитети на колегите од Бугарија со цел што поскоро утврдување на причините за трагичниот настан во кој според првичните информации 46 лица го загубија животот, а уште 7 се повредени.
– Долги години имаме професионална соработка со бугарското Обвинителство и верувам дека професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан. Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето, кажа Јовески, се вели во соопштението.
Утрово Јовески, доби порака со сочувство за трагичниот настан од Главниот јавен обвинител на Република Бугарија Иван Гешев.
– Јавното обвинителство на Република Бугарија ќе ги вложи сите напори за расчистување на настанот и утврдување на причините кои ја предизвикаа тешката сообраќајна несреќа, увери Гешев во пораката, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.