Јовановски: Се докажува корумпираноста на владата на Заев
Владата ги потценува граѓаните. Три дена молк за скандалот во кој Рашковски се само назначи за владин претставник во собранието на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по седница, обвинува Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа е спротивно на законот за спречување на судир на интереси. Практично Рашковски си го потпишал своето именување на позицијата владин претставник а истовремено е и носител на јавна функција. Мала му била платата од над 1.000 евра па сега ќе зема и дополнителни 500 евра по седница. Дополнително скандалозно е што за именувањето владата и министерството за продавање на магла на Роберт Попоски кое ни помалку ни повеќе вработи 40-сетина нови луѓе, партиски функционери и шарени платеници, се обиде да го сокрие скандалот. Имено на 4-ти август во соопштението за владината седница нема ниту збор за скандалозната одлука каде Рашковски се само назначи за владин претставник во македонски Телеком. Значи скандалот е уште поголем, владата и Попоски се обиделе да го прикријат само назначувањето на Рашковски за владин повереник во Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница. Овде законот е јасен а и моралните дилеми треба да се расчистат. Или Рашковски ќе биде Генерален секретар или нека си поднесе оставка од таа позиција и нека продолжи да биде владин претставник во собранието на акционери во Телеком каде ќе добива хонорар од цели 500 евра по одржана седница, истакна тој.
Ново на Сител
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше