Јотова: Во преговарачката рамка за С.Македонија да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство
Постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Македонија со ЕУ, со кои треба да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји, изјави потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
– Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северена Македонија да има последно поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот, нагласи Јотова во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ).
Според Јотова, која е членка на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП), кога настана целиот случај со Република Македонија, немало ниту една земја членка на ЕУ што го поддржа бугарскиот став, што е жално, па Бугарија речиси една година изгубила време да им ја објасни својата позиција на европските партнери и да ги придобие на своја страна.
– Имаме цврста и консензуална позиција со европските институции во врска со Република Македонија. Имаме заедничка рамковна позиција со Владата. Сепак, има пропуст што речиси една година изгубивме да им ја објасниме позицијата на нашите европски партнери и да ги придобиеме на наша страна, нагласи Јотова.
Ново на Сител
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин во Скопје - приведени две лица | ФОТО
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“