Јолевски - Доскоцил: Заемна поддршка во справувањето со мигрантската криза
Безбедносната состојба во Европа и Југоисточна Европа и мигрантската криза беа тема на денешната средба во Виена на македонскиот мнистер за одбрана Зоран Јолевски со неговиот австриски колега, Ханс Питер Доскоцил.
Министерството за одбрана соопшти дека на средбата, што се одржа во рамки на министерскиот состанок на земјите од Централна и Југоисточна Европа, е потврдена безрезервната заемна поддршка во справувањето со мигрантската криза. Досегашната соработка е оцената како одлична, а министрите се согласиле внимателно да го следат развојот на настаните поврзани со мигрантите и да ги координираат активностите што ќе ги преземаат двете земји.
Министерот Јолевски се заблагодарил за лидерството на Австрија во регионалната соработка во соочување со овој безбедносен предизвик.
- Двајцата министри се согласија дека усвоената Декларација на министерскиот состанок на земјите од Централна и Југоисточна Европа е мошне корисна. Земјите со обврзаа да направат заеднички акциски план во кој ќе бидат дефинирани нивните кадровски и технички ресурси во случај на појава на ситуации предвидени во можните сценарија за евентуалниот развој на мигрантската криза. Координацијата и соработката меѓу земјите има клучна улога за справување со овие предизвици, се вели во соопштението.
Министрите Јолевски и Доскоцил размениле мислења и за актуелните внатрешно-политички состојби во двете земји, Југоисточна Европа и Европа во целина.
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија