JO: Предложен притвор за давање поткуп на „Блаце“
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од скопскиот Основниот кривичен суд, доставил предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело - „давање поткуп“ по член 358 став 1 од Кривичниот законик.
- Вчера на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот му дал 50 евра на полициски службеник за тој да изврши службено дејствие, што не смеел да го изврши. Откако, претходно, возач на автобус со косовски национални ознаки, бил одбиен за влез во државава бидејќи немал соодветен сертификат за професионален возач на автобус, осомничениот дошол на граничниот премин, се претставил како сопственик на превозната компанија и побарал да разговара со сменоводителот. Кога влегол во канцеларијата на сменоводителот, на неговото биро оставил банкнота од 50 евра, за да им овозможи влез на возачот и автобусот во државава, соопштуваат од Обвинителство.
Осомничениот веднаш бил лишен од слобода, а бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и евентуалните соучесници, како и да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител му предложил на Судот да определи притворска мерка, со цел да го обезбеди неговото присуство во текот на постапката.
Ново на Сител
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Американските демократи со критики за Трамп: Со наредбата за напад врз Иран го прекрши Уставот на САД
-
Седници на седум собраниски комисии
-
Нетанјаху: Израел е блиску до остварување на своите цели во Иран
-
Отчет за сработеното во првата година на Владата
-
Трамп: Доколку режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не биде сменет