-->
-->
Јилдирим: Власта и опозицијата заедно ќе работат на новиот устав
-->
Турската Влада е подготвена да соработува со повеќето опозициски партии во изработката на нацртот на новиот уставот, изјави вчера турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Сите главни партии се подготвени да ја почна работата на новиот устав, рече тој пред новинарите во Анкара.
Тој додаде дека тоа е заклучок од состанокот со претседателот Реџеп Таип Ердоган и двајцата опозициски лидери, одржан претходно вчера.
- Целта на сите партии е да се состави нацрт на новиот устав по неуспешниот воен пуч на 15 јули, изјави Јилдирим на прес-конференција по состанокот на Владата, со која претседаваше Ердоган.
Според него ист став имаат Владата, опозициските партии, невладините организации и медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник