Јеменска влада во егзил се согласи со мировната иницијатива на Џон Кери
Јеменска влада во егзил се согласи со мировната иницијатива на американскиот државен секретар Џон Кери за обнова на мировните преговори со бунтовниците Хуси за формирање на влада на национално единство.
- Советот на министри заседаваше во Ријад и се согласи со идеите од средбата во Џеда, соопшти владината новинска агенција Саба.
Кери минатата недела ја обнови иницијатива по средбата во Саудиска Арабија посветена на Јемен, на која учествуваа министрите за надворешни работи од Персискиот Залив и претставници на Форин офисот. Иницијатива предвидува учество на шиитските бунтовници во владата на национално единство во замена за повлекување од Сана и заземените територии во северен Јемен, како и предавање на оружјето.
Бунтовниците бараат составување на национална влада како прв чекор. Тие на синоќешното заседание на Врховниот совет, формиран неодамна во Сана, разговараа за иницијативата.
Претходните мировни преговори на 6. август во Кувајт завршија со неуспех.
Ново на Сител
-
Полициска акција во угостителски објект во Охрид
-
Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле
-
Пејачот Лијам Пејн пронајден мртов
-
Детали за тешката сообраќајка кај Катланово во која три лица загинаа
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите
-
Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување
-
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради