Јемен: Во самоубиствен напад убиени 45 лица
Најмалку 45 лица загинаа, а десетици се повредени во двоен напад на бомбаш-самоубиец во редот за регрутација на војници на пристаништето Аден во јужен Јемен, соопштија денеска локалните власти.
Напаѓачот го активирал појасот со експлозив откако застанал во редот пред регрутниот центар во близина на воената база Бадр во населбата Кормаксар, каде во моментов е базирана Владата на претседателот на Јемен Абедраб Мансур Хади, јавува Танјуг.
Јеменскиот сајт „Аден ал-Гад“ прикажа фотографии од војници кои ги креваат од земја своите убиени колеги во униформи, додека сведоците наведуваат дека виделе како амбулантна кола ги пренесува повредените од самото место. Во нападот се повредени околу 60 лица.
Аден е привремена престолнина на јеменската Влада, која има поддршка од Саудиска Арабија, и се обидува да ја врати под контрола својата престолнина Сана од вооружените бунтовници Хути.
Ново на Сител
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаците во Скопје