Свет
6. December 2015 - 10:16

Јемен: Гувернерот на Аден убиен во атентат

Гувернерот на Аден Џафар Мухамед Саад и шестмина припадници на неговото обезбедување се убиени утрово во напад, кога конвојот со кој патувал кон својата работа, бил погоден од експлозија.

Властите во јеменскиот пристанишен град изјавија дека ја истражуваат точната причина за експлозијата, која според очевидци, била многу моќна. Британски медиуми, повикувајќи се на извори од силите за безбедност, соопштија дека конвојот бил нападнат со ракетен фрлач, пренесува БТА.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.