Македонија
19. January 2021 - 9:13

Јавниот превоз денеска во Скопје по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информира дека јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред. Посочуваат дека исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Изменетиот посочен режим, информира ЈСП, е поради верскиот празник Богојалвение (Водици).