Јавна презентација на нацрт-стратегијата за културен развој и нацрт–акцискиот план
Министерството за култура денеска ќе одржи јавна презентација на нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018 – 2022 година и на нацрт-акцискиот план за 2018 година.
На презентацијата, што ќе се одржи во Музејот на современи уметности во Скопје, ќе се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а ќе говорат и претставници на партнерските организации ФООМ и УСАИД – Проект за граѓанско учество, кои го поддржаа процесот на подготовка на стратегијата и организирањето на јавните расправи низ цела Македонија.
За резултатите и предлозите што произлегоа од јавните расправи ќе говорат претставници на граѓанските организации ЈАДРО и КУЛТ-Транзен, коишто ги организираа овие средби и придонесоа за консолидирање на предложените стратешки документи. Посебниот советник за култура, Златко Теодосиевски ќе ги претстави клучните поенти од нацрт-стратегијата за развој на културата 2018-2022 и нацрт-акцискиот план за 2018 година, по што ќе следува дискусија со присутните.
Документите се подготвени од Работната група формирана во Министерството за култура и во нив се вклучени прифатените предлози од првиот и вториот круг на јавната расправа по текстот, како и предлозите испратени од засегнатите страни на официјалната е -адреса на Работната група за стратегијата predlozi.strategija@kultura.gov.mk.
Последниот текст на нацрт-стратегијата за развој на културата во 2018-2022 може да се пронајде и сочува на следниот линк: http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3372------2018-2022-----
Последниот текст на нацрт–акцискиот план за развој на културата за 2018 година може да се пронајде и сочува на следниот линк:
http://kultura.gov.mk/index.php/odnosi-so-javnost/soopstenija/3381--a 2018
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември
-
Управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта, приведен 68-годишник од Ресен