Македонија
2. February 2018 - 8:29

Јавна дисусија за измените на законите за судови и за судски совет

Јавна дискусија по предлог измените на Закон за судовите и Закон за судски совет на Република Македонија ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Здружението на судиите на РМ и Министерството за правда.

Јавната дискусија, како што велат организаторите, е насочена кон неколку точки кои се неопходни за решавање на системските прашања во врска со судството, како што се улогата, надежностите и отченоста на Судскиот совет на РМ и процесот на назначување, оценување, унапредување, дисциплина и надзор на работата на судиите од страна на Судскиот совет.

На расправата најавено е учество на домашни практичари и експерти, кои имаат за цел да идентификуваат примери на добри практики, како и да ги дискутираат предлог законските измени.

Од донесените препораки и заклучоци од расправата ќе биде подготвен извештај што ќе биде објавен во Македонската судска ревија – официјалниот зборник на Здружението на судиите на Република Македонија.