Јавен повик за учество на годинешниот „БИТФЕСТ“
Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на годинешното битолско културно лето „БИТФЕСТ-2016“.
Предлагачи на програмски содржини може да бидат институции, здруженија на граѓани, неформални групи и поединци кои ќе понудат идеи од областа на музичко сценска уметност, ликовна уметност, театар, видео, фото и филмска уметност, потоа литература, фолклор и нови уметности.
- Повикот ќе биде отворен до 3 мај и до тогаш очекуваме со пополнета апликација секој иницијатор на програмски настан истиот кусо да го образложи за да потоа биде селектиран. Очекуваме и оваа година голем интерес за учество на „БИТФЕСТ“ и пријавувања како од институциите со локален и национален предзнак, така и од бројните здруженија на граѓани, но и поединци, информираат од општина Битола.
Според востановената традиција, во рамки на „БИТФЕСТ“ ќе се одржат и големите интернационални анифестации како што се „Битола Шекспир театар“, „Илинденски денови“ и други.
Ново на Сител
-
Над 40 основни училишта се затвориле во изминатите пет години
-
Тема да денот со Иво Ранѓеловиќ, политиколог
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Како оперираат крадците низ археолошките локалитети во државата?
-
Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали
-
Нови признанија на вина во случајот „Синџир“
-
Одбраната на Мерко - застареност на кривичното гонење
-
Фрчкоски сам ќе се повлече од амбасадорската функција, со документи ги негира обвинувањата од МНР