Јавен повик на општина Битола за финансиска поддршка на граѓански организации
Општина Битола го објави традиционалниот јавен повик за доделување финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2017 година.
Распределбата на средствата од буџетот на општина Битола за оваа намена ќе се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои ќе ги реализираат организациите од овој град.
- На јавниот повик може да учествуваат здруженија на граѓани и фондации со конкретни проекти посветени на локален и економски развој, образование, култура, техниката, наука, здравство, спорт и екологија и други области. Основен организациски критериум кој треба да го исполнуваат здруженијата и фондациите е да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации и да имаат седиште во општина Битола, посочуваат од локалната самоуправа.
За распределбата на финансиската поддршка, која може да изнесува до 50.000 денари ќе одлучува Комисијата за финансии и буџет на Советот на општина Битола.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат