Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
Јапонската полиција уапси студентка која со чекан ги нападна колегите на Универзитетот во Токио, при што повреди неколку лица.
Нападот се случи вчера во кампусот на Универзитетот Хосеи, во западниот дел на Токио, кога 22-годишна студентка по социологија од Јужна Кореја нападнала колеги студенти за време на предавање, пренесоа американските медиуми.
Токиската полиција соопшти дека осомничената веднаш била уапсена, а едно лице е повредено, додека други седум се здобиле со полесни повреди.
Според информациите на јапонските медиуми, мотивите за нападот се уште не се целосно јасни.
На распитот студентката рекла дека ги нападнала колегите затоа што ја задевале и игнорирале, а чеканот го нашла на кампусот. Во моментот на нападот во кампусот имало околу 150 ученици.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла