Јапонската пиварница „Асахи“ го купи чешкиот „Плзењски праздрој“
Јапонската пиварница „Асахи Груп Холдингс“ го купува чешкиот производител на пиво „Плзењски праздрој“ и други источноевропски брендови на компанијата „САБМилер“ за 7,3 милијарди евра, објави компанијата.
Според чешките аналитичари, како што јави дописникот на МИА од Прага, крајната понудена цена е за една милијарда евра поголема од нивните очекувања и се работи за еден од најголемите договори за купопродажба во историјата на јапонската пиварница,.
- Од целата продавана група за инвеститорите најинтересен е „Праздрој“ и останатите брендови симболично речено „се закачија“ за него, коментира аналитичарот Петр Криж.
Меѓу 200 видови на пиво, кои ги нуди „Прашкиот праздрој“, пиварница која е стара повеќе од 170 години, најпознато е „Пилснер Ургел“.
Јапонската пиварнива во Прага, 16 години го произведува својот најпопуларен бренд „Супер драј“, кој се продава во цела Европа. Пивото се подготвува по нарачка во конкурентот на „Праздрој“, „Пиварници Старопрамен“.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната