-->
-->
Јапонија се подготвува за ударот на тајфунот Трами
-->
Силен тајфун се движи кон најјужните јапонски острови, а метеролозите прогнозираат дека е можно тој да ја промени насоката и да се упати кон централниот дел на архипелагот.
Поради тајфунот, кој го носи името Трами, се откажани стотици летови во Јапонија, а крајбрежните градови се подготвуваат за големи бранови, како и за опасноста од откорнати дрвја.
Во жариштетот на тајфунот дуваат ветрови со брзина од 162 до 220 километри на час.
Јапонија веќе беше погодена од неколку силни тајфуни во текот на годинава, а ова е 24-от тајфун во целата сезона. Во претходните бури и во поплавите што тие ги предизвикаа загинаа 220 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите